Србов: “Oвој прогон е дисциплинирање на народот пред промената на уставното име на државата – им треба уплашен народ кој ќе се плаши да излезе на масовен протест

(Фејсбук статус на Никола Србов – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ)

“Бруталниот политички прогон кој го спроведува власта е со цел да се заплашат и замолкнат граѓаните во Република Македонија. Овој прогон не е замолкнување само за моменталните погубни политики, овој прогон е дисциплинирање на народот пред промената на уставното име на државата. Нив им е потребен уплашен народ кој ќе се плаши да излезе на масовен протест кога ќе дојде денот за таа одлука. Нив им е потребна десеткувана и парализирана опозиција да не може да го поведе народот.

Два дена пред да го сменат старото државно знаме на Република Македонија се случи атентат врз тогашниот претседател Глигоров. Кога се случи промената на знамето сите граѓани беа уплашени и зборуваа само за атентатот. И ние помладите помниме, никој не говореше за промената знамето. Денеска, пред промената на името брутално апсат и заплашуваат, сакаат исто како тогаш да сме уплашени и да не го кренеме гласот против промената на името. Но, во меѓувреме ние пораснавме, сега нашите генерации треба да одлучат дали ќе потклекнеме под притисокот и заплашувањето кое партијата на власт го спроведува уште од 1945 година.

Ние не смееме да бидеме уплашени, не смееме да дозволиме да не замолкнат, треба да се бориме за правда и правдини, тоа им го должиме на нашите поколенија, тоа им го должиме на браќата кои ги затворија, ние сме приморани во 21 век да се бориме за основни човекови права, таа борба ќе биде долга и мачна, но на крајот правдината секогаш победува и ние ќе успееме! Секој ден ќе не има човек повеќе, таа долга борба ќе резултира со народен револт и будење.

Политика е политика, ќе ја водиме и понатаму, но пред сѐ, ние се колневме во Македонија и ВМРО, тоа никогаш да не го погазиме.”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.