Сообраќајка ја разбуди Македонија: Малолетник направи хаос, 5 лица во болница

Едно лице е потешко повредено, а уште четири се задобили со телесни повреди, кога утрово се судриле автомобил и комби на еден од излезите на Гостивар.

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово во 6:15 часот на регионалниот патен правец Гостивар-Градец на надвозникот при што се судриле  „фолксваген-венто“ и „форд-транзит“. Возачот на вентото, 16-годишник од Гостивар кој управувал без дозвола изгубил контрола и налетал на комбето. Покрај двајцата возачи, повредени се и тројца сопатници, сопатничка во вентото и двајца од комбето, од кој еден се задобил со скршеница на рака. Повредените се пренесени во гостиварската болница, а Ќ.И (32) заради карактерот на повредите е пренесен на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител.

Од СВР Тетово, предупредуваат на зачестената појава да се управува моторно возило без возачка дозвола. Во полошкиот регион од почетокот на годинава, регистрирани се над 2.500 вакви прекршоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.