Синоќа во Нови Сад убиен Марко Маркуш – криминалец со големо досие кој се дружел со НБА играч

Марко Маркуш (29), син на висок претставник на полицијата во Нови Сад, е убиен синоќа  кај хотелот “Саeм”, дознава српски Курир.

Тој бил изрешетен околу 21:30 часот во пукање кое се случило во близина на хотелот.

Убиениот се дружел со НБА кошаркарот и доскорашен директор на КК Партизан, Никола Пековиќ, во чиј автомобил синоќа е пронајдена дрога и оружје.

Маркуш во 2014 година бил осуден од високиот суд во Нови Сад на 5 години затворска казна, бидејќи со нож се обидел да го убие својот сограѓанин Слободан Милутовиќ, а за овој настан е правосилно ослободен на почетокот од оваа година.

Како што дознава српски Курир, покрај ова дело, во тек бил и судски процес поврзан со инцидент кој се случил во 2014 година, кога бил ранет полицаец.

Судењето за тој случај требало да започне во март наредната година.

Во досието на Маркуш стојат уште неколку обиди за убиство и напади врз полиција, пишува порталот.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.