СПЕКТАКУЛАРНО АПСЕЊЕ ! Цел свет ги бараше – полицијата упаси двајца тинејџери во најголемата меѓународна полициска акција на Балканот

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, SBPOK, Одделението за борба против високотехнолошки криминал, во координација со обвинителстовото за високотехнолошки криминал, учествуваа во една од најголемите меѓународни полициски акции во сузбивање на високотехнолошки криминал наречен “Power off”.

Во дводневната акција која започна во Србија, уапсени се М.Ј. (19) и Д.В. (21) од Прокупље, поради основано сомнение дека биле администратори на сервисот “Webstresser”.

Во акцијата учествувале припадници на националната полициска единица за борба против високотехнолошки криминал на Холандија, Велика Британија, Хрватска, Канада, САД, Германија, Шпанија, Хонг Конг, Шкотска, Италија и Австралија.

“Webstresser” се смета за најголемиот светски криминален пазар за изнајмување на така наречениот DDoS напад, со повеќе од 136.000 регистрирани корисници и повеќе од 4 милиони напади изведени до април 2018 година на различни интернет домејни ширум светот.

Оркестрираните напади целеле кон критични онлајн услуги кои ги нудат банките, државните институции и полициските единици, како и индустријата на онлајн игри на интернет.

DDoS нападите кои ги овозможува овој криминален сервис, “напаѓачите” проку интернет управуваат поврзани со компјутерите и имаат за цел да го насочат интернет сообраќајот на некоја веб локација или онлајн платформа. Крајниот резултат на DDoS нападот е страницата жртва да ја направи целосно неупотреблива или “турната” од мрежата, со што корисниците ќе бидат лишени од онлајн услуги.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.