СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА НОВА ГОЛЕМА ВОЈНА? САД, Велика Британија и Франција започнаа со напади врз Сирија!

Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција започнаа со воздушни напади на Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје спроведен од режимот на Асад – пренесува “Скај Њуз”

Претседателот на САД Доналд Трамп наредил “прецизни напади” врз цели кои се поврзуваат со програмата за хемиско оружје на сириската влада.

Во телевизиското обраќање од Белата Куќа, Доналд Трамп порача: “Пред кратко време им наредив на нашите вооружени сили да започнат со прецизни напади на капацитети со хемиско оружје”.

Tрамп порача дека нападите ќе бидат комбинирани заедно со вооружените сили на Велика Британија и Франција.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, исто така потврди дека им наредила на британските воени сили да започнат со “координирани и прецизирани напади со цел да ги деградираат капацитетите за хемиско оружје на сирискиот режим и да ја спречат нивната понатамошна употреба”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.