Путин: Историјата ја обвини САД за “крвавиот масакр” во Југославија и Ирак, истото ќе биде со Сирија

“Историјата ќе се погрижи за Америка и околу прашањето за Сирија”, изјавил рускиот претседател Владимир Путин и дадал дека Америка досега е виновна на цел синџир “крвави масакри” и во други земји, пренесува “Раша Тудеј”.

“Историјата ќе ги намести работите. Вашингтон е веќе има огромна одговорност за крвавиот масакр во Југославија, Ирак и Либија”, рекол рускиот претседател.

Причина за ваквиот презир на Путин е нападот на Сирија во текот на ноќта во саботата што го изведоа САД и нејзините сојузници Франција и Велика Британија, а кој следуваше после нападот со хемиско оружје во сирискиот град ДУма, за кој САД и сојузниците тврдат дека го извршил режимот на Башар ал Асад.

“Оваа унилатерална воена акција има “катастрофално влијание врз целиот систем на меѓународни односи” и само ја ескалира сириската криза, наместо да ја деактивира”, додал рускиот претседател.

“Нападот дојде непосредно пред експертите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХВ) да ја започнат својата мисија за утврдување на фактите во Дума. Меѓутоа, мисијата на ОЗХВ беше игнорирана, а групата западни земји одлучија да преземат воена акција без да ги чекаат резултатите од истрагата”, рекол Путин.

И покрај нападот, експертите за хемиско набљудување ќе започнат со работа во Сирија, за да ги утврдат околностите на наводниот хемиски инцидент, објавен минатата сабота. Про-милитантни извори, вклучувајќи ја и контроверзната група Бели шлемови, тврдеа дека муницијата полна со хлор беше фрлена од страна на владини трупи, при што загинаа и беа повредени десетици цивили – додаваат од “Раша Тудеј”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.