Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Марјан Ристески, ветува дека и во иднина ќе работи на привлекување на нови странски инвеститори и отворање на нови работни места.
-Ветуваме на проширување на капацитетите во слободната економска зона ТИРЗ, проширување на капацитетите на Гентерм со нови 1000 работни места каде досега има 1300 вработени. Проширување на капацитетите на Акомпласт и отворање на нови 200 работни места. Исто така, доизградба на новата фабрика која се гради, мултинационална компанија Вик која треба да отвори 1000-1500 нови работни места. Вкупно отворени нови работни места во слободната економска зона ќе се зголемат на 3000-3500. Ќе продолжиме со преговори кои ги започнавме пред повеќе години со владата на ВМРО-ДПМНЕ за влегување на нови странски, мултинационални компании кои треба да влезат токму во оваа слободна економска зона, истакна Ристески.
Тој најави дека ќе се изврши доизградба на инфраструктурата на индустриската зона Прилеп 1 која ја гради оваа локална самоуправа каде моментално функционираат 12 погони. Капацитетот во оваа зона е 1000-1500 вработувања, а во моментов има 500 вработени.
Ристески најави низа други проекти кои ќе бидат за доброто на сите прилепчани. Истите може да ги чуете во продолжение.