Измина уште едно беспрекорно организирано издание на “Пиво Фест”. Градските власти и комуналните претпријатија и оваа година без влакно си ја завршија работата.
Сметот од пластика и хартија кој секоја вечер се растураше и го имаше во тони и оваа година е доказ дека фестивалот бил успешен и дека и оваа година се изедени тони скара и испиени тони пиво.
И покрај тоа што секоја вечер по завршувањето на програмата сметот создаваше хаотична слика од градското јадро, комуналните работници како мравки, за неколку часа во текот на ноќта го доведуваа градот во беспрекорно чисто светло.
Така е и денеска, после последната фестивалска вечер. Сметот е собран, улиците исчистени и измиени, а комуналците веќе започнаа да ги средуваат тревниците во центарот на градот, па за неколку дена тие ќе го вратат зеленилото на нив.
Собраниот смет секако ќе се рециклира и ќе и донесе приход на општината.
А/Г/