Репрезентацијата на Македонија У-18 утре среда 16 август во Дојран од 17,30 часот ќе одигра контролен натпревар против Репрезентацијата У-17 на Македонија.
Во селекцијата за играчи до 18 години повикани се стандардните членови на репрезентативната генерација 2000-та Марио Наумоски и Лука Трајкоски.
Собирот е во среда 16.08.2017 во 10 часот во Фудбалската Федерација на Македонија.
Поради обврски во првиот тим на Победа за утрешниот натпревар од 1/16-финалето од Купот на Македонија со Плачковица во Радовиш дозвола не доби Лука Трајкоски, додека на повикот на селекторот Добринко Илиевски ќе се јави Марио Наумоски.