Предвелигденски панаѓур во ООУ “Koчо Рацин”: Учениците изработија прекрасни Велигденски креации (ФОТО)

Вредните раце на учениците од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп и оваа година во пресрет на Велигденските празници изработија креативни украси и организираа панаѓур на кој заедно со нивните наставници ги изложија пред возрасните.

Целта на ваквите панаѓури кои во ова училиште се одржуваат два пати годишно, еднаш пред Нова година и еднаш пред Велигден е да се развива креативниот дух на најмалите, да се дружат и да им покажат на возрасните дека умеат да создадат нешто убаво.

Собраните средства од панаѓурот учениците ќе ги вложат во опремување на нивните училници, како и за хуманитарни потреби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.