Маријана Ѓорѓиевска е првата прилепчанка кој се искачи на највисокиот врв на Алпите, а воедно и највисокиот врв во Западна Европа Монблан. Височината од 4810 метри за неа е голем подвиг, а за нас особена гордост претставува што девојка од Прилеп го развиори македонското знаме во небесните височини.
Преку П.К. Предејане во Србија, заедно со водичот Зоран Павловиќ и уште тројца Македонци, меѓу кои и Владимир Јованоски исто така од Прилеп, нашето девојче ја започна својата тура за освојување на Монблан.
Kулуар на смртта
Искачувањето и слегувањето на врвот на Алпите траеше три дена. Првиот ден во 8:30 часот утрото, планинарите тргнале од 2380 метри надморска височина, преку “Кулуарот на смртта” и после 6 часа стигнале до новиот дом “Ду Гутер” каде преноќиле.
Домот “Де Гутер”
Остатокот од денот надвор беснеело силно невреме, па не биле сигурни дали ќе продолжат со искачување кон врвот наредниот ден. Сепак, утрото на 19.08 во 6:00 часот се упатиле кон Монблан и во 13:15 часот се искачиле на највисоката точка.
До врвот се искачиле 16 души, а еден планинар се откажал поради силен ветер, студ и здравствени причини. Потоа следувало враќање кон планинарскиот дом “Ду Гутер”, каде групата пристигнала околу 17 часот.
Пред искачувањето на Монт Бланк на француските Алпи, планинарите имале аклиматизација на италијанските Алпи, каде го искачиле и врвот Полукс – 4091 метри.
-“И двата врва сакаат добра психофизичка спремност, добра кондиција и здравствена состојба”, вели Маријана, која заедно со Владимир Јованоски го претставуваа својот планинарски клуб “Мамути” и уште еднаш ја докажаа својата способност да се справат и со најголемите планински височини.
Глетката од врвот неверојатна
Наредна мисија во нивниот план е искачувањето на планината Олимп во соседна Грција, а во главата на Маријана се врти и акцијата за искачување на врвот Елбрус на Кавказ во Русија и неверојатните 5.642 метри висина.
Секоја чест !