За нападот во Сирија одговорни се САД, Велика Британија и Франција, порачал рускиот амбасадор Во САД, Анатолиј Антонов.
Тој ветил дека ова нема да остане без последици.
“Се оправдаа нашите стравови. Не ги слушнаа нашите предупредувања. Реализираа планирано сценарио. Одново ни се закануваат. Предупредувавме дека такви акции нема да останат без последици. За се’ се одговорни Вашингтон, Лондон и Париз”, се наведува во соопштението на руската амбасада.
Шефот на дипломатската мисија истакнал и дека “испадите на сметка на Русија се недопусливи”.
“САД кои го поседуваат најголемиот арсенал на хемиско оружје немаат морално право да обвинуваат други земји”, додал Антонов.