Пораз за Победа во Пелагониското дерби на стартот од сезоната

20840392_10213022476492771_990968828_n

На стартот од новата сезона во македонската Прва фудбалска лига Победа на стадионот на Могила го пречека Пелистер.

Пелагониското дерби им припадна на битолчани кои од Прилеп си заминаа со 3 бода и резултат 1:2.

Исполнетите трибини на стадионот и поддршката од навивачката група “Мајмуни” не вроди со плод, па победашите како и минатата сезона стартуваа со пораз.

Стрелци на головите беа Трифуновски во 24-та минута за 0:1 за Пелистер, резултат со кој се отиде на паузата, Маневски од пенал во 51-та минута стрелаше за 1:1, а триумфот за битолчани го донесе Бразилецот Фереира Кардосо во 70-та минута.

20861074_10213022476532772_1383865476_o

Во следното коло Победа му гостува на Вардар/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.