Само за околу еден процент ќе бидат зголемени пензиите оваа есен. Владата на Зоран Заев нема да ја продолжи политиката на ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на пензиите од шестотини денари.
Ваквата математика значи дека просечната пензија ќе биде зголемена за само 130 денари. Најниските пензии за 85, а највисоки за околу петстотини денари.
Од Министерството за труд за 24 Вести, велат дека зголемувањето ќе се исплати во септември или октомври, откако статистика ќе ја објави просечната плата за јуни и додаваат дека усогласувањето на пензиите од 1 јули 2017 година ќе изнесува околу 1 процент.
Во првата половина од годинава пензиите се зголемија за 0,82 насто.
Иако првично со буџетот за 2017 година беше предвидено зголемување за 5 насто, со ребалансот парите за повисоки пензии се скратени.