Патот Прилеп-Битола кај Бајро конечно прооден, но местото сеуште наликува на “воено поле” (ВИДЕО)

Патниот правец Прилеп-Битола-Ресен, што на возачите и патниците им задаваше големи главоболки, конечно е прооден.

За да го избегнат “военото поле” кај ромската населба “Бајро”, возачите мораше да поминуваат низ Битола, па дури откако ќе го поминеа густиот сообраќај беа во можност да го продолжат своето патување.

Конечно истиот е пуштен за сообраќај, но тони отпад и лоша миризба сеуште ги труе сите минувачи.

Ваквата слика надополнета со често запаленото ѓубре крај патот наликува на “воено поле”, слично на оние на Блискиот исток.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.