ПРИВЕДЕН САРКОЗИ: Поранешниот француски претседател на распит – причината е Гадафи !

Поранешниот француски претседател Николас Саркози е приведен во полиција, поради истрагата поврзана со финансиските нерегуларности на неговата изборна кампања во 2007 година.

Адвокатот на Саркози не бил достапен за коментар.

За време на 2014 година, француската телевизија “France-3” подигна бура откако ја емитуваше аудио снимката од разговорот на Муамер Гадафи. Покојниот либиски лидер тврдеше дека во 2007 година ја финансирал претседателската кампања на Саркози.

“Јас го направив претседател”, изјавил Гадафи во интервјуто од 2011 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.