ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Мало Коњари денеска одбележува
103 години од раѓањето на својот патрон, како и 63 години од постоењето на
училиштето.
За патрониот празник учениците подготвија богата културна програма на која
преку рецитали, драмски изведби, танци … го претставија живот и делото на
народниот херој, Страшо Пинџур.
„Денеска се навршуваат 63 години од постоењето на училиштето и 103 години
од раѓањето на нашиот патрон Страшо Пинџур. И денес ние се трудиме да
постигнеме значајни резултати во сферата на воспитно-образовниот процес
водејќи се од нашата визија и мисија да станеме познато рурално училиште
што со своите образовни кадри ќе конкурира на пазарот на трудот“, посочи
Ирена Кироска в.д директор на ООУ „Страшо Пинџур“.