Учениците на ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп го освоија првото место на ревијалната вечер на училишни смотри.
Учениците под ментерство на наставниците Марина Калевска, Даниела Ризовска, Катица Петреска, Јагода Волческа и Маја Најдоска, импресионираа со нивните изведби и стигнаа до шампионското прво место пред своите врсници од останатите основни училишта.
Собраните средства од манифестацијата ќе бидат наменети за лекување во странство на ученик од училиштето.
Од ООУ “Добре Јованоски” се заблагодаруваат на сите хумани граѓани кои присуствуваа на манифестацијата.