Ништо од евтината струја

1186357_zoran-zaev_ls-s
Секој ден ново разочарување! Неделната евтина струја асоцира на ветувањата за укинување на скапата тарифа со што би се исполниле ветувањата, но и би се задоволиле македонските потрошувачи, вклучително и бизнис секторот кој најмногу би добил со тоа. Но, како што изминува времето се поочигледно станува дека серијата лажни ветувања ќе предизвикаат лавина реакции кај измамените граѓани.
Наставниците исто така ја очекуваат повисоката плата, тутунарите субвенциите од 90 денари, матурантите загарантираното вработување по матурата, специјалистите 100.000 денари основица и на крајот онаа ветена минимална 30.000ка со која секој би можел да има нормален живот и одмор.
Надежта не умира, но спласнува и кај пензионерите кои ги чекаат пензиите според потрошувачката кошничка како што вети Премиерот пред целата македонска јавност. И, реално 27.000 денари колку што е во моментов потрошувачката кошничка, би ги задоволило сите 330.000 пензионери.
До тогаш уживајте во неделната евтина струја!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.