Вчера во 18 часот на улицата “Прилепска“, 51-годишниот Р.Н. од Битола управувајќи велосипед во моментот кога минувал крај паркирано патничко возило “Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од 42-годишната В.Л. од Битола, удрил во отворената предна врата од возилото додека В.Л. имала намера да излезе од возилото.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда и тоа фрактура на лев колк, и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничката Болница во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.
Се работи на целосно расчистување на случајот.