Напредуваат активностите на градскиот стадион “Гоце Делчев” (ФОТО)

Напредуваат активностите на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп

dav

Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп ќе ги добие сите потребни услови какви што заслужува фудбалски град како градот под “Maрковите Кули”.

“Од први јули, паралелно ќе се работи на теренот и дренажата, по што ќе следи целосна реконструкција на северната трибина, поставување на нови столчиња и нејзиното целосно покривање”, најавија кон крајот на месец јуни од општина Прилеп.

Па така и се случи, работите изминатите две недели целосно се интензивирани, а механизацијата секојдневно работи на стадионот.

Работата на градскиот стадион во Прилеп стагнираше поради средување на имотно правната состојба, односно легализација на објектите. Стадионот претходно беше комплетна дивоградба за да после изработката на проектот, сега да се продолжи  со градежни активности до целосна негова реконструкција.

 

dav

dav

dav

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.