Ако не сте сигурни каде ќе бидете за Нова година, ѕвездите ќе ви откријат
Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за последната вечер од оваа година и како вашиот знак ќе ја помине новогодишната ноќ.
Овен
Полн со самодоверба и храброст, Овенот ќе го предводи новогодишното славење, без разлика дали ќе се наоѓа во бар или во некоја куќа. Ќе слават сите до најраните утрински часови.
Бик
Бикот побрзо би се одлучил за притаена вечера со цел да избегне претерано пиење и драма.
Близнаци
Близнаците најверојатно ќе им се придружат на луѓето кои новогодишната ноќ ќе ја поминат палејќи петарди и ќе го “запалат небото”.
Рак
Поголемиот број од емотивните Ракови ќе се одлучат за мирна вечер со своите најдраги личности и ќе заобиколат дури неколку журки на кои се повикани.
Лав
Во прашање е многу продуктивен знак кој последните минути во 2017 година ќе ги помине во средување на новогодишната резолуција.
Девица
Девиците ќе дадат се’ од себе да приредат незаборавна журка и влез во новата 2018 година за своите пријатели и семејство.
Вага
Вагите се неверојатно дружељубиви и даваат се’ од себе добро да си поминат. Тие новогодишната ноќ ќе ја поминат на многубројни Инстаграм, Твитер и Фејсбук профили на своите пријатели.
Скорпија
Скорпиите се многу лојални и имаат блиска група од неколку пријатели, па последната ноќ од 2017 година ќе ја поминат со нив.
Стрелец
Стрелецот најверојатно ќе биде на градскиот плоштад и тоа во самиот центар и ќе ги одбројува последните секунди заедно со милион други луѓе.
Јарец
Јарците ја сакаат традицијата и најверојатно новогодишната ноќ ќе ја поминат со семејството.
Водолија
Дали знаете кој ќе слави Нова година? Независните Водолии одбиваат да следат било какви трендови.
Риби
Рибите новогодишната ноќ ќе ја поминат размислувајќи за нештата кои би можеле да се случат во 2017 година. Веројатно ќе бидат во кревет и ќе размислуваат за совршеноста на новогодишниот бакнеж кој би водел кон голема романса, за која ќе им раскажуваат на внуците.