НОВА МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ! Анамарија направи огромен успех за македонското таеквондо

Анамарија Георгиевска е трета со бронзен медал на светско првенство во Тунис за јуниори.

Таа победи над Египет, Аргентина и Иран, а доживеа пораз во полуфинале од Кореа.

-Ова е огромен, историски успех за спортот кај нас и секако еден од најголемите за нашето олимписко таеквондо покрај златниот европски медал на нејзиниот брат Дејан. Гордост македонска. Слава на Господ. Браво, браво Анамарија не’ направи горди, напиша на својот Фејсбук профил, тренерот Дарко Костовски.

Анамарија е сигурен учесник и на младинските олимписки игри во Буенос Аирес септември 2018.

-Останатите три наши борци покажаа одличен квалитет на ова првенство! Одиме понатака! Трета во свет во олимписки спорт wow, напиша Костовски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.