Сопругата на Доналд Трамп Јуниор е префрлена во болница во Њујорк откако отворила писмо со бел непознат прав, соопшти денес полицијата
Писмото било упатено до најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, испратено на домашната адреса во стан на Менхетен.
Ванеса Трамп и уште две лица се префрлени во болница на опсервација.
Инцидентот го истражува тајната служба, а официјални претставници за Би-Би-Си пренесуваат дека снаата да Доналд Трамп е во добра здравствена состојба.