Вчера околу 14.00 часот на местото викано „Орушица“ во Прилеп, во стар бунар за вода пронајден бил починат 52- годишен З.М од Прилеп.
Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.
Причина за смрт било загушување од издувните гасови од моторот за вода.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп и Јавен обвинител.