Екипата на Јувентус го победи Интер со 2:3 во најдраматичното “Дерби ди Италија” во последните години.
Јуве водеше на полувремето со 0:1 со голот на Даглас Коста, но Интер иако со играч помалку се врати во второто полувреме и го заврти резултатот на 2:1.
Последните 5 минути се случи вистинска драма. Најпрво при удар на Квадрадо во 87-та минута, Скриниар си постигна авто гол, а две минути подоцна при нафрлањето на Дибала, Гонзало Игуаин ја пронајде мрежата со глава и тоа беше втор пресврт на натпреварот.
Јувентус ја зголеми разликата против главниот конкурент за титулата Наполи на 4 бода, а наполитанците утре гостуваат во Фиренца кај Фиорентина.
Погледнете го моментот Игуаин го постигна победничкиот погодок, а делот од “Џузепе Меаца” каде беа сместени навивачите на “старата дама” го крена во воздух целиот стадион.