Чернобил три децении после катастрофата: Вака денеска изгледа градот во кој никој не смее да живее уште 300 години (ФОТО+ВИДЕО)

Нуклеарниот пожар ослободил 400 пати повеќе радијација отколку атомската бомба фрлена на Хирошима.

Нуклеарната катастрофа во Чернобил, која важи за најлоша во историјата на човештвото, се случи пред 32 години во градот Припјат.

Во 1:23 часот нуклеарниот реактор број 4 во централата во Чернобил експлодираше во текот на испитувањето на сигурноста, а нуклеарното гориво горело десет дена во атмосферата исфрлувало радиоактивни честички, кои се разлетале на три четвртини од површината на Европа.

Нуклеарниот пожар ослободил 400 пати повеќе радијација отколку атомската бомба фрлена на Хирошима.

Москва прво сакала да ја скрие несреќата, а со оглед дека проблемот го воочиле шведскиот метеоролози кои забележале висок степен на радијација над Шведска, советските власти се фатени во премолчување на нуклеарните несреќи.

Советскиот претседател Михаил Горбачов одлучи јавно да каже истапи тек на 14 мај.

Околу 135.000 луѓе потоа биле евакуирани од Припјат, Чернобил и околните места, а уште илјадници луѓе подоцна биле изложени на радијација во текот на санирањето на последиците.

Скоро 350.000 биле евакуирани во круг од 30 километри од централата во текот на неколку години.

Се уште расправа за човечките загуби после несреќата, а процените се движат од 30.000 до 100.000 мртви. После повеќегодишно отежнување, на крајот на 2016 година над реакторот е изграден голем непопустлив челичен ѕид.

Во времето на нуклеарната катастрофа во него живееле скоро 50 илјади луѓе, а денес тоа е град на духови со згради кои се распаѓаат, опустошени станбени простории, остатоци од автомобил, напуштени игралишта, луна парк и свет од билки кои полека изумира.

Припјат денес е атракција за екстремен туризам, постојат неколку фирми кои даваат туристички услуги на луѓето кои сакаат да го доживеат овој напуштен град и самиот Чернобил. Некои од нив истакнуваат дека еднодневна поста не претставува никаков ризик за здравјето.

Научниците сметаат дека животот таму никогаш нема да биде возможен најмалку 300 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.