Манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ е во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонското биолошко друштво, Друштвото на физичарите, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Македонското еколошко друштв и Природно-математичкиот факултет.
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, хемија, физика, биологија, географија и математика и се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На 18 и 19 ноември хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” предводени од наставничката Кети Иваноска, во конкуренција од стотина ученици освоија куп награди.Адела Еленин освои втора награда, а Теа Апостолоска трета награда, во категорија осмоодделенци, додека Александар Василески и Елена Мијоска освоија трета награда, а Теодор Весковски се искачи на врвот со освојување на првата награда.
“Среќна сум и задоволна, очекував моите ученици да бидат наградени. Работеа со голем ентузијазам и посветеност”, велии наставничката Кети Иваноска.
На манифестацијата учествуваше и Марија Јошеска која освои трето место во област физика, под менторство на наствничката Сојна Димовска.