“МУ ГО КРИЕВМЕ ПИШТОЛОТ ЗА ДА НЕ СЕ САМОУБИЕ”: Личниот лекар на Тито ги откри неговите последни зборови !

Личниот лекар на Јосип Броз Тито ја напиша книгата “Тито меѓу животот и смртта”, а во неа, меѓу останатото, тврди дека последните зборови на Маршалот биле:”Што значи тоа?”

Лекарот во кој Тито имал најголема доверба, Миломир Станковиќ ја исполнил наредбата, ја оставил својата сопруга во Белград и не се вратил 6 месеци, бидејќи имал доверлива задача.

Станковиќ бил покрај Тито во неговите последни денови, но му биле потребни долги години за конечно да проговори.

Во интервјуто за “РТС” наведува дека тој прв му ја одредил дијагнозата на Тито и дека таа дијагноза го чинела живот. Тој откри и детали за ампутацијата на ногата на Јосип Броз, за која вели дека била извршена многу касно.

Вели дека лечењето на Тито се вршело во целосна тајност, бидејќи тој не можел и не сакал да ја прифати неговата ситуација.

– Се работеше за оклузивна ангиопатија кој не беше последица од дијабетесот, се присетува Станковиќ.

– Ни рече: Ако мојата нога се отстрани, јас сам ќе си пресудам. Кога мораше да оди во болница, му го сокривме пиштолот кој тајно го чуваше – вели Станковиќ и додава дека никој не смеел да каже дека ампутацијата на ногата е неизбежна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.