Во очи на изборниот молк, според сите случувања во претходните 3 недели, Прилеп одново му ја дава поддршката на Марјан Ристески за нов мандат.
Изборната капања за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ како што започна, така и завршува. Ристески од стартот уживаше огромна поддршка, а истата растеше од ден во ден.
Секоја средба со граѓаните, посетата на секоја улица, секое мало, беше проследена со голем број присутни граѓани, а причината за тоа се големиот број реализирани проекти во изминатите години во сите урбани населби во градот и населените места.