Крвав инцидент синоќа во Аеродром – Фејсбук статус на Тодор Петров

Синоќа во 20 часот и 15 минути до 21 часот од прилика се случувала крвава драма во Аеродром, каде куче од расата “ротфајлер” нападнал и касал деца, случајни минувачи, се што ќе дофател. Во целост ви го пренесуваме фејсбук статусот на Тодор Петров кој присуствувал и бил сведок на настанот:

“Од 20.15 до 20.50 бев сведок на крвава драма. Никому да не му се повтори. Од зграда во паркот кај игралиштето во Ново Лисиче, карши паркот со авионот, немоќно гледав како ротвајлер се бореше со две деца на 7-8 годишна возраст и една возрасна жена која се тркалаше в трева за да ги одбрани. Викав наглас немоќно од зградата за спас на децата. Уште ми одекнува во ушите врисокот и плачот на децата.

Жената го задржа цврсто кучето, децата избегаа накај булевар АСНОМ, и’ се отпушти од раце ротвајлерот, повторно се стрча по децата. Децата се измешаа барајќи помош во една група поголеми деца кои играа кошарка под кошот меѓу зградите.

Ротвајлерот повторно ги нападна двете деца кои претходно беа искасани во паркот. Во општата брканица целата група деца беше искасана од здивеното куче од кое никој не можеше да се одбрани. Натрчаа повозрасни од зградите, го удираа кучето за да ослободи нечија рака или нога прегризена. Повеќето се сокрија во влезот на околните згради…

Само Господ знае кој се’ беше изгризан… Нападнатите деца долго ќе имаат трауми од немилиот настан, дај Боже да поминат со помали рани и без труење или беснило, човек не може да знае што му беше на кучето кое сите ги напаѓаше… Градот врие од диви глутници кучиња и кучиња скитници.

АПЕЛИРАМ до градоначалникот на градот Скопје, до градоначалникот на Аеродром, до сите надлежни, овој немил настан да биде опомена што не чека на улица. Аман, преземете мерки исчистете го градот од глутниците кучиња кои се опасност по сечиј живот. Многу немил настан и потресен… Кучето веројатно повторно е некаде меѓу зградите, по улиците во Ново Лисиче. Аман”, напиша Петров




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.