Катастрофа во најава: На Америка и се заканува нов ураган

Додека во САД почнуваат да се собираат и проценуваат штетите кои ги предизвика ураганот Харви и обилните врнежи, на американското копно му се заканува нова непогода, ураганот Ирма.

uragan-irma

Ирма е деветта бура која во сезоната 2017 доби име и забрзано се развива во ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани во САД.

Ирма е тип на ураган кој се формира далеку на истокот на Атлантикот и се шири преку него. Таквите бури често стануваат најголеми и најсилни урагани.

Ирма се формирала на почетокот на неделата на брегот на Африка и до четвртокот наутро прогнозерите предвиделе дека ќе се развие во голем ураган.

Тоа се потврдило бидејќи во попладневните часови центарот за урагани соопштил дека станува збор за ураган од трета категорија. И американските и Европските прогностички модели покажуваат дека во наредните денови Ирма дополнително ќе се засили и прошири кон запад, а Националниот центар за урагани во САД прогласи четврт степен на опасност од Ирма.

Американските метеоролози велат дека се уште е рано да се каже во која насока ќе се движи ураганот, но доколку направените пргнози се точни, ураганот би можел да ги погоди Бахамите и брегот на Северна Каролина.

Европските модели предвидуваат дека Ирма ќе се движи јужно и ќе ги погоди Флорида и државите во Мексиканскиот залив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.