Шкотската национална партија (СНП) која го контролира мнозинството во парламентот, најави дека ќе побара нов референдум за независност на Шкотска.
Премиерката на Шкотска, Никола Стурџеон најави дека ќе бара нов референдум оваа или наредната година.
Шкотскиот парламент ќе мора да одобри ново распишување на референдум следната недела.
Покрај тоа “Вестминстерот” (Парламентот на ОК) исто така би требало да потпише одобрување на референдумот.