Во државите кои се граничат со Русија до 2035 година може да дојде до воени конфликти, се наведува во извештајот на Истражувачкиот центар на Европскиот парламент.
Во извештајот со кој се запозна “Раша тудеј”, анализирани се основните геополитички тенденции и составени се можни сценарија на развојот на состојбите во светот до 2035 година.
До тогаш, аналитичарите сметаат дека можно е отпочнување на вооружени конфликт во државите кои граничат со Русија.
До нестабилност во регионот може да влијае и слабеењето на влијанието на Москва поради нејзините економски проблеми.
А/Г/