Изгледа преубаво, но нejзиниот дипломски труд беше цел на потсмев по социјалните мрежи (ФОТО)

Маја Ивановиќ, студентка на еден приватен факултет во Белград, се најде во сите тамошни медиуми поради темата на својот дипломски труд, кој го положила со десетка.

Маја се пофалила со фотографии од одбраната на дипломскиот труд на Инстаграм, а кога фотките стигнале до очите на медиумите, цела Србија започнала да се подбива со темата на дипломската.

Teмата била “Лојалноста на потрошувачите на брендот Guess”, а на кориците од дипломскиот труд, девојката го ставила и логото на омилениот бренд.

Иако дел од јавноста во оваа тема не гледа ништо спорно, поголемата српска јавност смета дека приватните факултети го нарушуваат образованието и се прашуваат како може некој со тема за чевли и ташни да дипломира на факултет.

Маја се пофалила и дека факултетот го завршила со просек 9,2.

Таа е лојален потрошувач на модниот бренд “Guess”, а тоа се гледа по нејзиниот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 60.000 луѓе.

Сепак морате да признаете дека изгледа феноменално

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.