“Еве како по хасап се транспортира храна за дечињата во градинките во Прилеп?!” (ФОТО)

До нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа како се врши транспорт на храна во градинките во Прилеп.

Фотографиите се направени во дворот на градинката “Гоце Делчев”, која е најголема градинка во рамките на Јавната општинска установа детски градинки “Наша иднина”.

Во стар автомобил “Голф” без да се внимава дали е хигиенски или не, се транспортираат котли со храна која потоа се сервира до децата?!

Ова е нов скандал поврзан со оваа институција во Прилеп, откако неодамна се пишуваше за сомнителните огласи за вработување и незаконско поставување на директор.

Што се случува со оваа институција?! Кој ќе сноси одговорност доколку не дај Боже се загрози здравјето на децата преку ваков начин на транспорт на храната?!

Револтирани родители на деца од градинката велат дека случајот бил пријавен до санитарните инспектори, но до сега според информациите немало реакција.

Инаку во оваа градинка речиси секогаш има и вистинска депонија во дворот, што е дополнителна закана по здравјето на најмалите.

(ГАЛЕРИЈА) ”ХОРОР” во двор од детска градинка во Прилеп – извор на зараза???”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.