ЕПСКАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР: Каде завршиле Грците кои се бореле против него

Битката за која се напишани стотици книги, направени филмови, напишани песни. Битката кај Гавгамела. Александар од едната страна, Дариј Трети од другата. Тоа бил последниот и најтежок пораз на Дариј.

Што се однесува на формацијата на македонската војска, познатиот историчар Ариан напишал:

“Со левото крило на фалангата раководел Кратерус. До него била коњаницата на Еригиј, син на Ларикс”.

Јасно е дека Македонците биле различно третирани од Грците, иако се бореле од иста страна.

Откако заклучивме дека и во тоа време Македонците и Гриците биле сосема различни поими, збор два за судбината на Грците кои се бореле против војската на Александар.

Додека поминувале низ средна Азија, Македонците одлучиле да ги ослободат Грците кои и служеле на Персија. Најпрво сите биле заробени, но потоа, Грците кои работеле во Персија и кои биле жители на Персија, биле ослободени. Останатите останале заробени, затоа што работеле против Македонија во време кога Македонците и Грците направиле сојуз против Персија.

Додека се движеле низ Персија, Александар одлучил да го назначи неговиот генерал Антипатар да управува со грчките територии. Но, Антипатар започнал да се однесува како единствен владетел над Македонците и Грците, па Олимпија, мајката на Александар, му испратила писмо во кое му укажува за однесувањето на неговиот генерал. Ариан пишува:

” Олимпија му напиша на Александар дека неговиот генерал се стреми да стане единствен владетел на империјата и дека повеќе не се сеќава на оној кој го назначил. Во писмото таа му напишала дека Антипатар се однесува исто и кон Грците и кон Македонците”.

Тука јасно се гледа дистинкцијата помеѓу Македонците и Грците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.