ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ Е ВРЕДНА ЗА ЖРТВАТА КОЈА СЕ БАРА: Србија нема да ги жртвува националните интереси за членство во ЕУ!

Српскиот министер за надворешни работи исто така го истакна и стремежот на косовските политичари да создадат „Голема Албанија“, нешто што според него, тие не го кријат, пренесува инфомакс.

Србија нема намера да ги жртвува своите национални интереси за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за државната телевизија РТС.

-Можам да кажам од свое име, од името на Владата, во име на претседателот Александар Вучиќ дека Србија никогаш нема да ја прифати еднострано прогласената независност на Косово, рече Дачиќ.

Според него, во оваа фаза треба да се води дијалог и да се биде конструктивен.

-Но, ако биде поставено прашањето, ако се дојде дотаму, ќе постапиме како и секоја друга земја во светот, која ги почитува своите национални интереси, истакна Дачиќ.

Тој како пример ја посочи Велика Британија, која има спор со Маурициус поради архипелагот Чагос, како и случајот со Каталонија.

Српскиот министер за надворешни работи исто така го истакна и стремежот на косовските политичари да создадат „Голема Албанија“, нешто што според него, тие не го кријат.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.