Домашните компании и локални брендови се основните столбови на прилепската економија (ВИДЕО)

5363-potpishan-memorandum-za-sorabotka-so-regionalnata-stopanska-komora-i-opshtina-prilep-960x600-11

Домашните компании и локални брендови се основните столбови на прилепската економија и токму поради тоа Општина Прилеп во изминатиов период има континуирана соработка со локалниот бизнис сектор и претставува сервис и поддршка на компаниите во реализација на нивните инвестициони планови.

Поради одличната бизнис клима, добрата законска регулатива и поддршката од локалните власти прилепските компании постојано инвестираат во воведување на нови технологии, унапредување на кадровскиот потенцијал, освојување на нови пазари, нови инвестиции и проширување на производствените капацитети и во континуитет отвораат нови работни места.

5290-16-ta-po-red-sednica-na-ekonomskiot-sovet-960x600-3

Како потврда на тоа дека Општина Прилеп е максимално посветена на градење на добри односи со домашните компании е и фактот што Општина Прилеп во 2011 година стана првата Општина во Македонија која формираше Економски совет, тело кое во својот состав вклучува претставници на стопанството, јавниотсектор, локалната самоуправа и невладиниот сектор. Ова советодавно тело има за цел зајакнување на јавно-приватниот дијалог и воспоставувње на соработка помеѓу јавните институции и приватниот сектор во насока на дефинирање на правците на развој на општината, иницирање на развојни проекти, надминување на предизвиците со кои се соочуваат фирмите, решавање на стратешки проблеми од економско значење и воопшто, подобрување на условите за стопанисување.

3969-delegacija-na-kraljevo-i-valjevo-vo-poseta-na-opshtina-prilep-960x600-30

Локалната самоуправа во континуитет има одлична соработка и со Регионалната стопанска комора – Прилеп, од која пак соработка се произлезени голем број иницијативи, реализација на проекти, посета на саеми, донаторски конференции и голем број други активности за подобрување на бизнис сликата во Општина Прилеп.

14-IMG_2267

Ова се само дел од активностите кои се резултат на таа добра соработка :

  • Потпишан е Меморандум за меѓусебна соработка на Општина Прилеп и Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп
  • Формиран е Економски совет на Општина Прилеп, како советодавно тело на градоначалникот, во кој активни членови се видни раководни лица од најголемите компании од нашиов град како и претставници на Регионалната комора со седиште во Прилеп
  • Во работата на Управниот одбор на Регионалната комора,на сите досегашни седници, активно учество има и градоначалникот Марјан Ристески каде се донесуваат заклучоци од интерес на бизнис секторот на Општина Прилеп како и предлог заклучоци за инфраструктурните објекти во градот и регионот меѓу кои како поважни предлог заклучоци се :

IMG_1190

  • Инфраструктурно уредување на Паркот на Револуцијата
  • Партерно уредување на централното градско подрачје
  • Изградба на пречистителната станица на отпадните води
  • Изградба на индустриската зона Прилеп 1 (Металец)
  • Изградба на ТИРЗ Алинци
  • Изградба на гасоводната мрежа од Неготино до Прилеп
  • Изградба на автопат Градско – Прилеп – Битола-Охрид со крак до Меџитлија
  • Реконструкција на железничката мрежа од Прилеп до Велес
  • Изградба на железничка пруга од Битола до Меџитлија
  • Изградба на хидро-енергетскиот систем Чебрен и Галиште и уште многу други заклучоци

IMG_1209

Предлог заклучоците за кои што ингеренција имаше локалната самоуправа истите беа веднаш успешно реализирани. Другите предлози и заклучоци Општина Прилеп во изминатиов период редовно ги доставуваше до надлежните државни институции и Владата на Република Македонија.

Во изминатиов период заеднички помеѓу Општина Прилеп и Регионалната стопанска комора – Прилеп се организираа и следните настани :

_MG_8547

  • Работни посети на збратимените градови со кои се потпишаа и спогодби за меѓусебна соработка на стопанските комори
  • Заеднички се организираа донаторски конференции за изградба на црковниот храм„Света Петка“,каде се донираа поголем делод потребните средства за изградба на истиот од страна на бизнис секторот
  • Секоја година има активна соработка за организирање на Пиво фестот
  • Реализирани се голем број на заеднички работни посети на производните компании од Прилеп
  • Одржување на заеднички седници на Управниот одбор на Регионалната комора и Економскиот совет на Општина Прилеп.
  • Учество на изборот „Бизнис на годината“ како и уште голем број на други заеднички активности

_MG_8561

Општина Прилеп и Регионалната стопанска комора реализираа и многу бизнис средби со стопански делегации од странство, а работеа и на меѓународна промоција на домашните компании, потенцијалите за инвестирање во нашата општина и воспоставување на партнерства преку реализација на Б2Б средби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.