Денеска во ЦК„Марко Цепенков“, во рамките на Прилепското културно лето, ќе се одржи манифестацијата Поетско читање. Почетокот е во 20.00 часот во ликовниот салон.
На Поетското читање ќе настапат петнаесетина членови на Клубот на литературни творци – Прилеп. Прилепските поети ќе се презентираат со дел од своите стихови пред своите сограѓани, а манифестацијата ќе биде проследена и со музички точки. Воедно ќе биде претставен и првиот број на поетскиот алманах што го издаде Клубот на литературни творци пред неколку месеци во кое е презентирано творештвото на нашите поети од различни генерации.