Ова заболување на кожата произведува израстоци налик на кора од дрво, кои ги зафаќаат рацете и нозете.
Во Бангладеш живее девојче која е единственото женско лице на светот кое боледува од овој мистериозен “човек-дрво синдром”.
Koга брадавиците кои личат на кора од дрво се појавиле на лицето на 10-годишната Сахане Катун, нејзиниот татко не бил толку загрижен.
Но, кога истите започнале да се шират, ја однесол во главниот град Дака да ја прегледаат лекарите.
-“Тие велат дека таа е првото женско лице кое боледува од овој синдром, односно epidermodisplezije veruciformis”, рекол нејзиниот татко.
Тоа е ретко генетско заболување на кожата кое на неа произведува израстоци во форма на лушпи од кора од дрво, кои ги зафаќаат рацете и нозете, а потоа се шират по остатокот од телото.
До сега оваа болест евидентирана е само кај мажи, а единствениот “човек-дрво” почина во февруари минатата година.
А/Г/