ДАЛИ ОВА Е НАЈМРАЧНАТА ТАЈНА НА НАСА ?! Научник ја обвинува вселенската агенција дека прикрива нешто навистина големо

Вселенската агенција НАСА оваа недела беше обвинета за прикривање на докази за живот на Марс.

Бари ди Грегорио, истражувач од Универзитетот во Бакингем, откри дека роверот на НАСА пронашол траги од облик на живот на Марс, но агенцијата ги прикрива поради страв дека нема да имаат буџет за следната мисија.

“Наса прикрива многу работи, а особено доказите за живот на Марс. Тоа датира уште од Викинг Лендерс 1976 година. Што мислите, зошто од тогаш веќе ниту еден инструмент за откривање на живот не е испратен на Марс? “, прашува ди Грегорио.

НАСА пронајде камења на Марс кои потсетуваат на структури настанати во Велика Британија уште од праисториски времиња.

Во близина на Северниот пол на Црвената планета научниците идентификувале камења подредени во складен ред . Од НАСА изјавуваат дека не веруваат во вонземски структури.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.