Несекојдневна ситуација се случила во дворот на семејството Митровиќ, кое живее во Аранѓеловац во Србија.
Во текот на невремето гром удрил во старо дрво после што низ дворот одекнала експлозија.
Гром го погодило дрвото кое било старо повеќе од 100 години. Сопственикот утрината излегол во дворот да ги исече гранките, а во коренот на дрвото пронашол нешто чудно. Прочепкал и нашол ќуп полн златници. Во ќупот имало повеќе од 2000 златници, а вредноста се проценува на 300.000 евра, може и повеќе.