Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески денес беше гостин во студиото на ТВ Нова и говореше за овогодишното 15-то јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2017”.
Прилеп ситно брои до најголемиот спектакл во годината во Македонија, кој ќе трае од 13-16 јули.
Градоначалникот говореше за прорамата на фестивалот и сите фестивалски новитети оваа година и истакна дека овој “Пиво Фест” е организиран во рекорно кратко време и дека ќе има најголем избор на пива за посетителите.
А/Г/