Врана го тероризира градот ! Ги напаѓа поштарите – мораат да ја прекинат работата

vrana

Канадскиот поштенски сервис ја прекинал работата во еден дел од Ванкувер поради врана која ги напаѓа поштарите, соопштено е од канадскиот сервис.

Во соопштението сенаведува дека враната му прави проблеми на поштарите на три адреси во источниот дел од градот, односно “слетува на нив и ги колва”. Еден поштар дури и прокрварил во таков напад.

Портпаролот на “Канадска пошта” Фил Лего, истакнал дека безбедноста на вработените е на прво место и дека поштата ќе се достави и на тие три адреси, но кога ќе се создадат услови за тоа.

Луѓето од Ванкувер веруваат дека станува збор за истата врана која во 2016 година стана позната по тоа што го украла ножот од местото на злосторството, но и онаа која нападнала жена во “Мекдоналдс” за да и го земе доручекот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.