Во овој ресторан гостите секогаш добиваат погрешна нарачка, но никој не им се лути на келнерите – Еве која е причината

dejt-620x350

Веројатно ќе се сложите дека е многу фрустрирачки кога во ресторан ќе добиете погрешна нарачка. Меѓутоа, еден ресторан од Токио нуди токму таква услуга и со една посебна причина.

Во ресторанот “Погрешни нарачки” во улога на келнери се нашле луѓе со деменција. Тоа траело од 2 до 4 години, а сопствениците на ресторанот имале за цел да ја подигнат свеста за овие луѓе и за нивната болест.

Поради состојбата на овие луѓе, тие ја забораваат секоја нарачка и на муштеријата му носат нешто сосема друго. Ако го имате тоа на ум и појдете таму, тоа во целост ќе ја промени вашата перцепција за луѓето кои ја имаат оваа болест.

Ова искуство би можело да помогне повеќе да се разбираат проблемите кои ги имаат луѓето со деменција и тие луѓе да бидат функционални членови на општеството.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.