Вистинска приказна за неостварената љубов на Џоџе кон преубавата охридска убавица Русе (ФОТО)

Maкедонскиот фолклор и традиција се пребогати со историски приказни, кои народот ги отпеал во песни и останале вечно да се пренесуваат и паметат.

20427996_10211510345408687_2102446590_n

Една таква приказна е и онаа од 19 век за преубавата охриѓанка Рисавѓија, или нагалено Русе. Во Русе во тоа време  биле вљубени многу момчиња, меѓу кои и убавото момче Џоџе, кој срцето го давал за Русе.

20428354_10211510339168531_2080177505_n

20427684_10211510338008502_1260982312_n

Соништата и желбите за искрена љубов  на младите во тоа време не се разликувале многу од денешните очекувања на младите луѓе.

На местото на старото мовче каде што тогаш секој ден седела преубавата Русе, денес изграден е нов мост кој го поврзува охридското крајбрежје во центарот на градот со црквата Св. Јован Канео.

20427757_10211510345968701_1010685566_n

Покрај мофчето секој ден поминувал Џоџе со кајчето да ја види црнокосата девојка, со надеж дека таа ќе му ја возврати љубовта. Но, залудно. Русе не се заљубила во ниту едно од момчињата кои ја милувале, па народот го отпеал тој нејзин инает во песната “Бог да бие Русе”.

Сепак, едно момче на крајот успеало да го освои нејзиното срце. Тој бил Димитри Атансов Митуш, по потекло од Охрид, кој уште на 15 години заминал на печалба во Романија. Иако можел да се ожени со богата Романка, Димитри се враќа во Охрид и бара девојка од својот крај. На брегот кај Сараиште ја здогледува Русе, веднаш се заљубува во неа и ја бара да појде со него. Русе се соласила и заминала во за неа непознат свет.

20403755_10211510346048703_1489551309_n

Русе и Димитар имале убав и спокоен живот во Јаш Романија. Таму им се раѓаат ќерка и син, Поликсена и Александар, а подоцна во Софија го добиваат и синот Ѓорѓи.

Денес на мофчето каде што седела Русе, секој ден се раѓа нова љубов, а младите своите имиња ги испишуваат на катанец кој го закачуваат на оградата од мостот.

20464604_10211510344328660_1364076011_n

На оградата од мостот се испишани и хороскопските знаци, па често посетителите ја ставаат дланката на својот знак, замислуваат желба и фрлаат паричка во езерото, со надеж дека ќе им се исполни.

20403787_10211510346168706_382755456_n

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.