Верни на традицијата и посветени на хуманост: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со бројни активности пред Велигден (ФОТО)

Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ со бројни активности во пресрет на најголемиот и најрадосен христијански празник Велигден.

Под мотото “Традицијата живее со хуманост” беше организирана регионална Велигденска трпеза, во Битола, на која учествуваа претставнички од Унијата на жени на ОК Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, а присуствуваше и Извршниот Комитет на Унијата на жени.

Овој настан  ја одразува традицијата на македонската жена и нејзините вештини во подготвувањето на храната, но и хуманоста, да им се обезбедат среќни празници и поддршка на оние кои им е најпотребна.

Претседателката на УЖ НА ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова порача:

– “Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка”.

Присуството на претседателката Рангелова во Битола беше искористено и за работна средба со УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.