Париските катакомби се една од најпознатите туристички атракции во главниот град на Франција. Но, за посетителите отворен е еден помал ходник, сместен 20 метри под земја и долг околу 1,7 километри.
Двајца тинејџери се изгубиле во еден од ходниците, а се потврди дека во Градската костурница поминале цели 3 дена опкружени со милиони черепи. Навистина морничаво нели ?
Во овие мрачни ходници температурата се движи околу 15 степени целзиусови, па не чуди фактот што и двајцата биле во состојба на хипотермија, пишува порталот “24сата.хр”. Ги пронашле спасувачките екипи со помош на кучиња трагачи и веднаш ги однеле во болница.
Некогашните подземни каменоломи од крајот на 18 век со текот на времето станаа препознатлив дел на Париз, а 300 километри на комплексна мрежа на стари тунели, кафези и мртовечки черепи во целост се достапни за јавноста.
Ф.Г.