(ВИДЕО) СВЕТОТ МУ СЕ ВОСХИТУВА НА ХРАБРИОТ ПОЛИЦАЕЦ: Напаѓачот го држеше на нишан, но погледнете како реагираше тој !

Напаѓачот кој со комбе премина на тротоарот и влета меѓу луѓе во предградието на Торонто, усмрти десет лица, а повреди најмалку 15. Веднаш потоа беше уапсен и идентификуван како Алек Минсиан.

Неговите колеги тврдат дека тој не е социјална личност.

Шефот на полицијата Марк Сандерс истакна дека станува збор за смислен напад.

На видеото од апсењето се гледа како напаѓачот очи во очи со полицаецот му довикува:”Убиј ме! Пукај ми во глава”.

Полицијата од Торонто одби да го објави името на храбриот полицаец, но Гери Клемент, пензиониран полицаец кој има 34 години работно искуство, оценува дека станува збор за “многу искусен и зрел полицаец”.

“Би рекол дека човекот налета на вистински полицаец”, вели Клемент и додаде: “Никој не знае како ќе реагира. Во таква ситуација многу полицајци одлучуваат да одат со сила. Овој полицаец реагираше на многу зрел начин”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.